Два силни земјотреси утринава ја погодија соседна Албанија, а потресите беа почувствувани и во Скопје, како и цела западна Македонија.
Додека албанските медиуми и власти и натаму прибираат информации за повредените и настраданите во земјотресот, спасувачките служби и граѓаните се во потрага по затрупани и повредени лица.
#Earthquake #moment #children #Albania 😭😭 pic.twitter.com/hmgjUXMv4M
— Endri (@endriarizi) November 26, 2019
Потресна снимка се појави на социјалните мрежи, на која може да се види како спасувачите и локалните жители се обидуваат да извлечат затрупано дете од рушевините. Долниот дел од неговото тело е под рушевините, а тоа не престанува да плаче додека сите се обидуваат да му помогнат.
Според последните информации, три лица загинаа, а над 150 се повредени во најсилниот земјотрес во последните 30 години. Граѓаните го дочекаа утрото во солзи, гледајќи ги своите разурнати куќи и барајќи ги своите најблиски низ рушевините.
На социјалните мрежи веќе започнаа да се појавуваат снимки и фотографии од рушевините и штетата, а сите светски медиуми пренесуваат за големите земјотреси кои утринава ги вознемирија и македонските граѓани, посебно во Скопје и западна Македонија.
Епицентарот на првиот земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала бил помеѓу Драч и Тирана, а покрај Македонија, се почувствува и во Србија, Косово, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Италија.
#earthquake in #Tirana
Fire caused by car alarm after the earthquace! #Albania #durres #tirane pic.twitter.com/ecFkwSHRHE— Silver Turku (@itssilver21) November 26, 2019