Потрошил 9 милиони фунти добиени на Лото, дневно спиел со четири проститутки, сега работи како дрвосечач

673

Британецот Мајкл Керол(36) како 19-годишник освоил 9,7 милиони фунти на Лото. Во тоа време со свршеницата Сандра го очекувале своето прво дете, а тој работел како чистач на улици.

Само осум години подоцна, тој го загуби целиот профит, парите ги потрошил на дрога, коцкање и проститутки.

-Забавата е сега завршена и морам да признаам дека ми е мило. Многу е полесно да се живее со 40 фунти неделно отколку со милиони. Сакам да најдам работа и да заработувам пари како другите луѓе, рекол Мајкл по банкротот.

Џекпотот  го освоил во 2002 година, но потоа почнал да троши како без глава. Тој дневно трошел во просек по околу 2.000 фунти на кокаин и организирал скапи забави во неговиот дом вреден околу 300.000 фунти.

Мајкл во просек спиел со четири проститутки на ден, фалејќи се дека имал секс со 4.000 жени кои спиеле со него за пари. Исто така, се обложувал на трки со коњи и купувал скапи автомобили. Тој направил патека за трки и од чалам учествувал во судирање на скапи автомобили. Милионерот со пријателите ќе соберел еден куп хамбургери и нагети во Мекдоналдс, а потоа се возеле низ градот и и им ги фрлале на минувачите.

Неговата сопруга Сандра го оставила една година откако го освоил џекпотот бидејќи не можела да ги издржи неговите пороци, а судот му го одзеде старателството над ќерката.

Пред шест години поради дрога завршил во затвор пет месеци, а потоа бил и на рехабилитација. Разбојници му ги убиле кучињата во 2008 година и поради долг му ја зеле луксузната вила. Сега живее во мала куќа.

И покрај сè, вели дека времето кога бил милионер е најдоброто нешто во неговиот живот и не му е жал за ништо. Тој неодамна доби работа како дрвосечач и заработува 10 фунти на час.