Потврдено: Ова е фризурата која одговара на сите облици на лице

805

Боб фризурата е една од најбараните фризури и оваа сезона, а сè повеќе славни личности, својата долга коса ја заменуваат со пократка.

Тоа и не е некое чудо, со оглед на тоа дека славниот фризер Лери Кинг вели дека меѓу ретките фризури кои одолеваат на тестот на времето и им одговараат на сите – е и боб фризурата.

Тој споделил и совети за постигнување на идеална боб фризура.

1. Обрнете внимание на текстурата на вашата коса.

Доколку имате густа коса, со боб фризура може да изгледате како печурка. Затоа, замолете го вашиот фризер да ви ја изретчи косата колку што е можно повеќе. Кога станува збор за ретка коса, боб фризурата ќе направи да изгледа погуста и со поголем волумен.

2. Добро размислете за должината пред да се шишате.

Боб до рамена, ќе ви даде елегантен изглед, додека оној пократкиот до образи ќе направи да изгледате шик. Независно од тоа што сакате да го постигнете, внимавајте на должината.

3. Шишки и кадрици

Во комбинација со боб фризурата, шишките одлично се вклопуват, но пред да ги скратите шишките, размислете дали навистина сакате да ги имате, бидејќи можат многу брзо да ви здодеат. Боб фризурата е одлична и за луѓето со кадрава коса – важно е само добро да ја прилагодите со вашите кадрици.

Ако сè уште размислувате, добро е да знаете и дека боб фризурата е идеална за секое годишно време.