„Повеќе не ја сакам. Наполни 18 и стана ку*ва!“ – Били Ајлиш на удар на критики поради фотографиите на кои е во бикини

733

Били Ајлиш (18) избегнува тесна облека која ѝ ги нагласува облините и тоа само поради тоа што не сака да предизвикува коментари за нејзиниот изглед и сексуалност.

Но, после фотографиите во костим за капење, дошло до многу тешки навреди. Особено кога е во прашање девојка од 18 години.

Били 3 месеци после спорните фотографии ја отвори душата на таа тема.

„Видов коментари како ‘Како се осудува да каже дека не сака да ја сексуализираат и потоа да се појави во ова?’“, рекла Били за „Dazed magazin“.

View this post on Instagram

been gone

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish) on

„Тоа беше тренинг. Имаше коментари како ‘Не ја сакам повеќе, бидејќи откако наполни 18 години стана ку*ва.’ Другар, не можам да победам.“

„Никој не може да дава мислење за моето тело, бидејќи не виделе што се крие одоздола. Никој не може да каже ‘таа е тенка, дебела, не е витка, има рамен задник, нема рамен задник’. Никој не може да каже ништо за тоа бидејќи никој не знае“, истакнала своевремено Ајлиш.