Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја

934

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Чучер Сандево и Зелениково.

Во периодот од 08:00 до 09:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат објектот на „Бурдем Пластика“, како и објектите што се напојуваат од истата трафостаница во село Студеничани, Општина Студеничани.

Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од бул. „Партизански Одреди“ бр.82, како и објектот на бензинската пумпа на „Макпетрол“, Општина Карпош.

Во периодот од 08:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Стојко Јовановски“, како и дел од корисниците од улиците „Максут Садик“ и „Џон Кенеди“, Општина Чаир.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Сердарот„ и „Герника“, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Бразда, Општина Чучер Сандево.

Во периодот од 09:45 до 10:45 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од населените места во цела Општина Зелениково, Општина Зелениково.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Драчево, лоцирани кај Марлес, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од село Студеничани, како и објектот на фабриката „Фруктал“ во село Студеничани, Општина Студеничани. Во периодот од 13:00 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Студеничани и Морани, Општина Студеничани.