Со состојките кои веќе ги имате во вашиот дом, може да добиете блескаво бели платнени патики и тоа да изгледаат како штотуку да сте ги купиле.
Секогаш вреди да купите бели патики. Делуваат толку свежо и чисто, но веќе после првото носење на нив се гледа нечистотијата.
Ако се само малку валкани, тоа не е толку страшно, но за само неколку недели ќе изгледаат трагично, и тоа толку многу што ќе посакате да ги фрлите и да купите нови.
Твитер корисничка ја покажала трансформацијата која ја направила чистејќи ги своите омилени платнени патики.
I am a miracle worker pic.twitter.com/BeivqBtdrv
— cat mom 🌙🌿 (@sarahtraceyy) October 15, 2017
„Јас сум магионичар“, напишала таа на својот Твитер профил.
И, навистина е, бидејќи за вакво чистење не ѝ требало никаква хемикалија. Ако сакате и вие да го пробате нејзиниот трик, она што треба да го направите е многу едноставно.
Извадете ги врвките од патиките. Потоа во сад измешајте сода бикарбона и детергент за облека во сооднос 1:1,15. Земете четка за заби и нанесете ја смесата на патиките.
Почекајте 10-на минути, а потоа исплакнете ја смесата. Оставете ги патиките целосно да се исушат. Потоа нанесете бебешка пудра и кога ќе ги протресете, вашите омилени патики би требало да блеснат во нов сјај.