Позитивната страна на коронавирусот – рибите и лебедите се вратија во Венеција

645

Дали некогаш сте се прашувале како би изгелдал светот без луѓето? Фотографиите кои што масовно се шират по социјалните мрежи покажуваат дека за почеток, светот би бил многу почисто место.

За да се спречи ширењето на Ковид-19, државите ширум светот моментално се претвораат во карантини па поголемиот дел од патувањата во државите на Европска унија се забранети.

Италија – епицентарот на ширењето на Ковид-19 на нашиот континент, целосно е затворена за патувања.

Каналите во Венеција кои вообичаено се преполни со туристи и во кои речниот сообраќај е многу активен, сега речиси се празни. Луѓето на социјалните мрежи поставуваат фотографии, видеозаписи и сцени кои долго време не се забележани во овој популарен град.

За Италија, во која има речиси 35.000 заболени, а починати околу 3.000, појавата на рибите, лебедите и дивите свињи е единствената позитивна работа која ја предизвика оваа пандемија.

Градоначалникот на Венеција истакнал дека каналите можеби изгледаат почисти по карантинот, но тоа не значи дека квалитето на водата е подобрен.

Италијанците, откако кај нив е воведен карантин, се свртија на социјалните мрежи за да шират позитивни вибрации низ светот.