Познат кардиолог открива како знае кога некој јаде доволно лук

982

Познатиот светски кардиолог Стивен Гарди вели дека знае кога неговите пациенти јадат доволно лук, намирница за која како што тој вели е една од најпотценетите намирници кога станува збор за здравјето на срцето и крвните садови.

„Лукот не е само одличен пробиотик кој овозможува „цветање“ на цревните бактерии односно пробиотици. Има и силно антибактериско дејство, поради што оние кои често јадат лук имаат помалку масни наслаги на ѕидовите на артериите“, вели докторот.

Д-р Гандри ја застапува инфективната теорија за болестите на срцето односно теоријата според која одредени бактерии и паразити предизвикуваат наслаги на артериските ѕидови и ја загрозуваат нивната состојба, доведувајќи до кардиоваскуларни проблеми. Атеросклерозата и болестите на крвните садови настануваат токму поради тие наслаги, а лукот како моќен сојузник на организмот во борба против ваквите „напаѓачи“ им помага на крвните садови да останат чисти.

„Луѓето кои јадат лук имаат помалку такви наслаги. Имав пациенти на кои им предвидував лоши резултати на ангиограмот, а кога ги тестирав, тие немаа наслаги“, заклучува докторот.