Познат скопски бизнисмен крвнички претепал газда на менувачница

1666

Скопскиот бизнисмен С.Ч., го претепал Б.П. вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје, пишува Цивил медиа повикувајќи се на искази на очевидци.

С.Ч. е сопственик на неколку хотели, градежна фирма и неколку други бизниси. Тој го извршил нападот врз Б.П. во најнепосредна близина на еден од неговите хотели, изграден минатата година, откако претходно му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години.

Цивил медиа пишува дека Б.П. мирно побарал од него да му дозволи да продолжи по патот, Б.П. го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето.

Последиците од овој напад се видливи, скршена вилица и тешка повреда на левото око на Б.П., пренесува Нетпрес.