Позната е здравствената состојба на бебето чија мајка денес почина од коронавирус

706

Денес почина родилката од Куманово која на 30-ти март се породи на скопска Гинекологија.

Жената имаше само 27 години и беше позитивна на коронавирус.

Таа роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.