Позната пејачка брутално претепана во својот дом: Снимката случајно ја пренесувала во живо на Инстаграм, фановите гледале како момчето ја влече за коса

827

Позната јужноафриканска пејачка наводно случајно пренесувала во живо на социјалните мрежи како нејзиниот партнер ја злоставува во домот.

Пејачката Бејбс Водумо снимала “лајв” на Инстаграм во својата спална соба, кога ја прекинал маж – нејзиното момче и колега, музичарот Мандла Мафумуло.

Во следните 38 секунди од снимката се гледа како мажот ја напаѓа, ја удира Бејбс и ја влече за коса. Шокантното видео предизвикало лавина од негативни реакции во Јужна Африка, а е покрената и полициска истрага.

“Националниот комесар ѝ наредил на полицијата да пронајде каде се наоѓа Водумо за да може да земе изјава од неа и да се отвори случај ако е навистина нападната на видеото”, се наведува во соопштението.

Водумо, чие вистинско име е Бонгекиле Симелане, одбила да го коментира ваквиот инцидент, но подоцна објавила видео на својот Инстаграм профил по наводниот напад.

Нејзиниот тим на Твитер објавил дека им се заблагодарува на сите за пораките на поддршка.

View this post on Instagram

????

A post shared by Babes Wodumo (@babes.wodumo) on