Позната точната казна која ја заработи Елмас, организаторот на бунтот „олеснет“ за 350 илјади евра

587

„Кориере дело Спорт“ вчера пренесе дека само еден играч од првиот тим се спасил од гневниот Аурелио Де Лаурентис кој им најави жестоки казни на своите фудбалери, а ова попладне, со целосна листа за тоа кој каква казна заработил излезе угледната „Газета“.

Угледниот весник кој е стациониран во Милано доби свои инсајдерски информации за последиците кои ќе мора да ги сносат бунтовниците кои го бојкотираа карантинот кој го нареди во последната недела пред репрезентативната пауза. Вчера во Италија се рашири информација дека најтешко казнет е Бразилецот Алан со 200 илјади евра, но „Газета“ тврди дека сепак како главен организатор на бунтот е детектиран Лоренцо Инсиње, па поради тоа капитенот е казнет со драконски 350 илјади евра. По него следат токму Алан со 250 илјади евра и Кулибали со 230 илјади евра, а казнет е и нашиот Елиф Елмас со половина сума од месечните примања кои ги има, што значи дека Македонецот ќе биде олеснет за 57 илјади евра.