Низа лимузини “Аурус”, новите руски оклопни автомобили, се повозиле во текот на годишниот настан кој го организира возниот тим на претседателот Владимир Путин. Црните автомобили се тркале во снежните полиња кај Москва.
На ова натпреварување учествуваат најдобрите возачи на Службата на федералната гарда – FSO, кои ги штитат руските политичари, вклучувајќи го и Путин: Возачите ги покажале своите вештини на тешкиот терен. Два “Ауруса” посебно се издвоиле на овој настан – лимузините кои ги користат чуварите на Путин, иако претседателот не се појавил на натпреварувањето.
Тие два автомобили се приклучиле во возниот парк на Путин минатата година, а рускиот претседател од тогаш неколку пати ја покажал новата лимузина во текот на дипломатските патувања.
“Аурус” е направен посебно за руските политичари, во смисла на безбедност и доверливост, иако ќе се појави и на поширокиот пазар, наведува “RT”.


