Познато името на новиот технички премиер

800

Раководство на СДСМ ќе заседава вечерва, по враќањето на премиерот Зоран Заев од Рим. На оваа координација на потесното раководство треба да се одлучи кој ќе ја превземе функцијата технички премиер. Според извори од партијата најверојатно е дека досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе седне на премиерската фотеља во техничката Влада.

Оваа одлука би требало да биде потврдена и верификувана и на партискиот Централен одбор. На координацијата во партиското седиште, според најавите, ќе биде отворено и прашањето за „одржливоста на коалицијата“ со ДУИ – на само петнаесетина дена пред заминувањето на политичката влада на овие две партии и изборот на техничка влада – 100 дена пред изборите на 12 април.

Неофицијално, покрај Спасовски, во разговорите меѓу челните луѓе во Бихаќка се споменувала и министерката за труд и социјала Мила Царовска, од причина што и таа треба да се повлече од министерската позиција, согласно пржинските изборни правила, кои станаа дел од Изборниот законик.