Познато ви е ова лого? Прво, срам да ви е…Второ, во право сте

1046

Пародијата на популарниот сајт за возрасни доаѓа токму од луѓето кои го направиле. Сите знаете на што е пародија Scrubhub, но не грижете се – тука нема ништо “безобразно”. На секоја видео снимка има луѓе кои само мијат раце, а сајтот е направен со цел кревање на свеста за хигиената.

На сајтот Scrubhub има многу сатирични видеа кои имаат иста поента – миење на раце. Сите се многу кратки, a “актерите” се непознати лица или порно ѕвезди, како што е Аса Акира.

Два пати дневно, на сајтот можете да видите и live-stream, а во овие преноси во живо учествуваат разни музичари, комичари и други јавни личности.

Целта на сајтот е ставање акцент на миењето раце. Иако тие мерки се нагласуваат секаде околу нас, никогаш не е лошо да се потсетиме. И покрај тоа, пародијата е направена веродостојно, со сите различни категории и “интересни” наслови.

“Сакавме да земеме нешто едноставно како што е миењето на раце и да го направиме забавно на единствен начин”, рекле во соопштението Ени Акипијан и Сузи Шин, кои во партнерство со Pornhub го направиле овој сатиричен сајт.

Освен што е забавен, сајтот е и корисен – на него се отворени уплати за две хуманитарни фондации. Едната им помага на сиромашните во Њујорк и Њу Џерси, а другата купува оброци за медицинските работници во Лос Анџелес.