Прасето кај Рони: Роналдињо блескаше на фудбалскиот турнир во затворот (ФОТО+ВИДЕО)

712

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо се наоѓа во парагвајскиот затвор веќе неколку дена поради влегувањето во државата со лажен пасош.

Роналдињо и неговиот брат влегле во Парагвај со лажни документи и набрзо биле уапсени во хотелот. Тие веќе некое време се во затвор. Роналдињо во затворот дури и заигра на фудбалски турнир. Затворот традиционално организира турнири, а главната награда била печено прасе од 16 килограми.

Роналдињо доби дозвола да игра на овој турнир и секако неговата екипа победи. Тие славеа во финалето со 11:2.

Бразилецот учествуваше во сите голови на својот. Постигна дури пет и запиша шест асистенции.