Пратеничката Фросина Ременски утре ќе даде исказ за „Рекет“

758

Пратеничката и доноедамшна потпретседателка на владејачката СДСМ; Фросина Ременски, во среда ќе даде исказ во Јавното обвинителство во врска со случајот „Рекет“, објави во вторникот порталот Плусинфо.

Фросина Ременски, инаку, е почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски Боки 13, а откако беше откриен скандалот „Рекет“ честопати беше споменувана како блиска соработничка на Боки 13.

„Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во нeвладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам сѐ што ги интересира, или за сѐ што имаат д илема.

Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни “, напиша Фросина Ременски на својот профил на Фејсбук пред еден месец.