Ава Мари и Леа Роус, познати како ‘The Clements Twins’, кратко по раѓањето во 2010-та година се прогласени за најубави близначки на светот.
Јаки Клементс, мајката на близначките од Лос Анџелес, ги претворила своите ќерки во интернет сензација откако им отворила профил на Инстаграм на нивниот седми роденден – моментално имаат 1,8 милиони следбеници.
Близначките веќе одамна добиваат договори со брендови и списанија за детска облека, откако нивната мајка ги зачленила во агенцијата за модели.
Сето тоа придонело уште од најраното детство да влезат во водите на манекенството, а нивната кариера ја води нивната мајка. Таа открила и дека од самото раѓање на близначките постојано се среќавала со исти коментари од познаници и луѓе кои ги сретнувала.
На една од фотографиите која неодамна ја споделиле на Инстаграм, Ава и Леа се појавиле пред својата мајка во розови персонализирани домашни фустани.
Мајката на близначките исто така има две години постар син.
Таа претходно морала да им возвраќа на критичарите кои изнесувале негативни ставови за нејзините деца и родителството.
Многумина сметаат дека нејзините ќерки изгледаат тажно додека позираат, а Јаки брзо реагирала и рекла: „Дали сте ги запознале моите деца? Очигледно не, штом го велите ова“.
„Иако ја ценам твојата грижа, само знај дека девојчињата се добро! Тие се среќни! Имаат неверојатно детство, со многу пријатели со кои си играат секојдневно“, додала мајката.