Пред Нотр Дам ќе биде изградена привремена катедрала

831

Привремена катедрала би можела да биде изградена пред Нотр Дам во Париз додека трае обновувањето на изгорената црква, рече ректорот Патрик Шуве.

Париската градоначалничка, Ан Идалго, се согласи дека градските власти би можеле да изнајмат дел од плоштадот пред катедралата за привремената градба.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека во период од пет години ќе биде реконструирана катедралата, која пред неколку дена беше зафатена од голем пожар.