Пред погребот на принцот Филип, Меган ѝ се јавила на кралицата: Потегот за кој цела Британија зборува со неверување!

1016

Иако односот на кралското семејство со војводата од Сасекс, а особено со Меган Маркл, е сериозно нарушен после интервјуто кое поранешната актерка и принцот Хари го дадоа за Опра Винфри, британските медиуми пишуваат дека Меган сепак се слушнала со кралицата Елизабета пред погребот на принцот Филип.

Според пишувањата на магазинот „People“, Меган се слушнала со бабата на нејзиниот сопруг и наводно го вклучила и малиот Арчи во разговорот за малку да ја развесели кралицата.

Дел од британската јавност ја дочекала оваа вест со воодушевување, додека многумина се сомневаат во племените намери на војвотката.

Освен со кралицата, Меган секојдневно се слушала и со својот сопруг, знаејќи колку тешко му паднала смртта на дедо му Филип, но и одвоеноста од неа и синот.

Наводно постојано го уверувала дека таа и Арчи се добро, за барем малку да се опушти, но Хари побрзал да се врати кај своето семејство два дена после погребот, а еден ден пред 95-от роденден на кралицата Елизабета, кој многумина го виделе како шанса за семејството да ги изгладат меѓусебните односи.

Да потсетиме, Меган Маркл не присуствувала на погребот на принцот Филип, а како причина е наведена нејзината бременост. Меѓутоа, се појавиле тврдења дека поранешната актерка не дошла на погребот бидејќи е сигурна дека ќе биде во центарот на вниманието, а не го сакала тоа.