Луис Фиго е едно од најконтроверзните имиња во светскиот фудбал, а особено е интересен во Шпанија каде помина најголем дел од својата играчка кариера.
Каталонците уште не му простиле за предавството и трансферот во Реал Мадрид пред 19 години. Сепак, во овој случај тој не е актуелен поради фудбалот, туку поради семејството. Шпанските медиуми тврдат дека тој може да се посвати со кралското семејство на Шпанија бидејќи неговата постара ќерка Даниела е во врска со Луис Осорио Суелвес, внук на поранешната кралица и братучед на сегашниот крал Хуан Карлос.
Двојката е заедно неколку месеци, со оглед на тоа што Даниела има само 20 години, никој не може да предвиди дали ќе останат во врска, но барем во моментов се главни во медиумите во Шпанија.