Пред вардаровиот хотел во Келн симнато знамето на ЕХФ – се виори сонцето од Кутлеш (ФОТО)

1005

Навивачите на Вардар, кој вчера ја освои втората европска круна во историјата, се собраа пред хотелот „Радисон Блу“ во Келн за да слават со црвено-црните ракометари кои се сместени недалеку од „Ланксес Арена“.

Поединци го симнаа официјалното знаме на ЕХФ, на негово место го поставија старото наше знаме – со сонцето од Кутлеш. Фина герила акција која наиде на воодушевување кај присутните навивачи…