Тајкунот и бизнисмен се однесувал како предатор во акција на настаните на кои имало модели на возраст од 14 години.
Претседателот на Америка, Доналд Трамп, повторно се нашол во центар на скандал, откако “BBC” објавил интервју со поранешни манекенки кои рекле дека “се однесувал одвратно додека се забавувал со манекенки” во текот на 80-тите и 90-тите години.
Овој прилог, под наслов “Дали е претседателот секс штетник?”, ги пренел наводите дека тајкунот и бизнисмен се однесувал како “предатор во акција” на настаните на кои имало и модели од 14 години, пишува “Daily Mail”.
Сепак, не постојат докази дека Трамп имал односи со малолетничките.
Барбара Пилинг раскажала дека го сретнала Трамп на забава во Њујорк додека била модел кон крајот на 80-тите. Трамп тогаш имал околу 40 години.
Таа раскажала како Трамп ја прашал тогаш колку години има. Кога му кажала дека има 17, тој, според нејзините зборови, бил воодушевен.
“Значи не си ни премногу млада ни премногу стара. Тоа е прекрасно”, наводно рекол Трамп.
Пилинг објаснила како се чувствувала во тој момент.
“Се чувствував како да сум во присуство на ајкула која во секој момент ќе ме гризне. Таму имаше и девојки од Европа кои имаа по 14, 15 години”, рекла таа.
Уште една жена, Хедер Браден, рекла дека го видела Трамп на забава во Мајами, кога имала 23 години. Според нејзините зборови, имало само четворица мажи на забавата, и повеќе од 50 девојки. Таа била меѓу најстарите.
“Се чувствував како парче месо во продавница”, истакнала таа.
Според нејзините зборови, на забавите имало мажи кои на девојките можеле да им бидат татковци. Анонимен сведок од тоа време рекол дека Трамп бил “озлогласен поради однесувањето кон младите жени”.
“Се однесуваше како предатор во акција”, рекол тој и додал дека го гледал претседателот во друштво на девојки од 14 и 15 години.
Тој додал дека сите знаеле дека имал секс со нив.
“Наредниот ден им се фалеше на пријателите дека постигнал “погодок”. Имал секс со две или три девојки истовремено, тоа најмногу го сакаше”, изјавил тој.
Белата куќа се уште не се огласила по повод овие наводи.