Ѕвездата на Африканскиот фудбал Садио Мане е во посета на родното село Бамбали во Сенегал за да види како тече изградбата на училиштето за кое донираше голема сума на пари. Неговото присуство предизвика огромно внимание, па и африкански телевизии пристигнаа на местото за да го снимаат и да се обидат да добијат интервју од играчот на Ливерпул. Сенегалецот е голем хуманист и сака жителите на Бамбали да имаат пристоен живот. Претходно со негова помош беше изградена болница (донираше 250.000 евра), а сега при крај е и училиштето за кое Мане донираше 270.000 евра. Следна негова цел е да биде изграден мал стадион.
Мане секој месец донира пари на сите фамилии во селото како и спортска опрема на дечињата.
„Тој е голем човек и затоа е ценет во Сенегал“, изјави еден жител на Бамбали.
Sadio Mané at the construction site of a school he is building in his village, Bambali in Senegal with €270,000.
He also built a hospital and financed a stadium for his people. He gives out 50,000 CFA Francs to families in his village monthly.
He gives out kits to kids. pic.twitter.com/IArhKwc2mZ
— Africa Facts Zone (@AfricaFactsZone) July 28, 2019