Раководните лица во англиската Премиер-лига од следната сезона ќе воведат пробно правило во врска со фудбалерите кои ќе заработат потрес на мозокот. Тие сакаат по модел на НФЛ лигата да воведат посебен протокол за фудбалерите кои во текот на мечот ќе добијат потрес на мозокот. Англичаните својот предлог го доставија до телото на ФИФА кое се грижи за промената на правилата и од следната сезона ќе почнат со примена на едно од двете решенија кои ќе ги изнесат на 3. април.
Првиот предлог е тој да фудбалерот на кој докторите ќе му дијагностицираат потрес на мозокот ќе може „бесплатно“ да биде заменет, односно неговата земана да не влијае на вкупниот број од три дозволени замени. Втората идеја е фудбалерот за кој има сомнеж дека има потрес на мозокот, да биде префрлен во соблекувалната каде докторите ќе го прегледаат, па доколку нема повреда да смее да се врати во игра. За времето на прегледот ќе може да го замени некој фудбалер од клупа.