Премиера: “Mortal Kombat XI” е брутална видео игра во секоја смисла

880

По малите “тизери”, конечно дојде ред да видиме каков гејмплеј ќе има најновата игра на серијалот “Mortal Kombat”.

Во голем стил, дури и низ трејлерот, имавме прилика да видиме значително подобрен гејмплеј на новата “Mortal Kombat 11”. Во новата видео игра се вметнати неколку интересни новини, но се зачувани препознатливите бруталности, па затоа обожавателите на тој елемент во серијалот можат да здивнат. 

Во трејлерот имаме прилика да го видиме Рејден, Саб-Зиро, Барака и Скорпион со искучително брутални “fatality” потези, од кои посакавме веднаш да заиграме некоја партија.

Девелоперите им овозможија на љубителите на овој серијал повеќе трејлери, од кој еден нѐ запознава со приказната која, како што изгледа, директно продолжува онаму каде што застана во “Mortal Kombat X”, а која судејќи по сѐ, ќе биде многу мрачна.

Што се однесува до останатите новини, играта ќе понуди бројни предмети за прилагодување на хероите, а тука ќе се најдат и неизоставните танци, интро потези и останато.

“Mortal Kombat 11” излегува на 23-ти април оваа година.