Премиерката на Нов Зеланд: Уште еднаш го победивме коронавирусот

499
Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн најави укинување на мерките воведени во Окленд во борбата против вториот бран на епидемијата на коронавирус, тврдејќи дека нејзината земја „повторно го победи вирусот“.

Нов Зеланд целосно го запре првиот бран на коронавирус во мај благодарение на строгите мерки и таа земја забележа серија од 102 дена без ново заразени лица.

Но, нов бран на епидемијата беше откриен во август во најголемиот град на Нов Зеланд, принудувајќи ги властите повторно да воведат строги мерки со затворање на 1,5 милиони жители на Окланд, до почетокот на септември.

После тоа, во тој град на северот на земјата не биле забележани нови случаи на инфекција со коронавирус 12 дена, а премиерката Ардерн потврди дека епидемијата сега е под контрола, поздравувајќи ги жителите кои мораа да ја издржат новата блокада.

“Окланѓаните и сите Новозеландци се држеа до планот што досега успеа двапати. И тие повторно го поразија вирусот”, рече премиерката.

Успехот дојде во вистинско време за неа, имајќи предвид дека парламентарните избори се одржуваат на 17-ти октомври. Многу е веројатно дека Ардерн ќе остане на чело на владата и по изборите.

Премиерката додаде дека од среда во Оукланд ќе се применува најниското ниво на борба против пандемијата, што важи и за остатокот од земјата.

Ова значи дека повеќе нема да има ограничувања на јавните собири.

Но, Ардерн предупреди да не се „спие на ловорики“.