Експедицијата на македонскиот фудбалски национален тим, претпладнево замина за Букурешт, каде ќе ги одигра двата од вкупно трите натпревари во групата „Ц“ на Европското првенство.
Премиерот Зоран Заев ја испрати експедицијата кон Букурешт на меѓународниот аеродром во Скопје.
На репрезентативците пред поаѓање им беше фрлена вода, традиционален македонски адет за среќа.
На ЕУРО патува и повредениот Илија Несторовски кој ќе биде поддршка на репрезентацијата. Тој поради операција на коленото мора да паузира неколку месеци.
Сите тестови во текот на вчерашниот ден беа негативни, што значи дека Македонија комплетна замина во Букурешт.
Натпреварите против Австрија и против Украина се играат на 13-ти, односно на 17-ти јуни, а потоа на 21-ви играме со Холандија во Амстердам.