Пренасочување на сообраќајот во центарот на Скопје поради собир на граѓани

1247

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани и поради тоа во тој период ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на ул. „11 октомври“ на потегот од крстосницата со ул. „Даме Груев“ и крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во двата правци.

Во денешното соопштение од МВР се подвлекува дека го почитуваат правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелираат граѓаните да се воздржат од преземање насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.

– МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните, стои во соопштението.