Преслатко: Кардашијанките ја објавија официјалната Божиќна честитка, а главните улоги им припаднаа на децата

770

Каков Божиќ би бил доколку семејството Кардашијан не ја објави Божиќната семејна честитка. Иако фановите оваа година нетрпеливо го очекуваа тој момент, Ким и Клои синоќа конечно ја објавија официјалната честитка, но без некои членови на семејството.

Имено, за разлика од изминатите години, на овогодинешната честитка биле само четири сестри и нивните деца, а недостигаат Кендал и нивниот брат Роберт, иако покрај Клои седи неговата ќерка Дрим.

На фотографијата ја нема и нивната мамаџер Крис Џенер, како ниту еден од партнерите на славните сестри.

Иако Кајли на нејзиниот Инстаграм профил потенцираше дека ќе носи провиден фустан, сепак таа носи бел комбинезон. Сите се облечени во бело, додека Клои носи и круна.

“Божиќ 2018. Оваа година чекавме до последниот момент со честитката. Распоредите ни се менуваа и поклопуваа, а мојот сопруг е надвор од градот. Но, на денот кога ја снимивме оваа честитка сфативме дека сите наши деца се заедно. Кендал и мојата мајка мораа да одат на состанок, па ова е најдоброто што можевме да го направиме. Се собравме во најголем број. Среќен Божиќ на Вас и Вашите семејства од нашето”, напиша Ким под честитката и откри дека Кендал сепак не изостана од фотографијата бидејќи нема деца, туку поради нејзините обврски.

View this post on Instagram

merry christmas ???

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

Но, манекенката поради тоа на својот Инстаграм профил објави честитка на која сама позира на кауч во елегантен зелен фустан, а ја објави и семејната фотографија на која со Фотошоп го додаде својот лик на фотографија.