Престанала да носи градник, а денес сите зборуваат за нејзините гради

695

Модната блогерка и писателка Чидера Егери отсекогаш ги мразела своите опуштени гради и често ги криела.

Кога наполнила 19 години, одлучила да ги прифати своето тело и гради и ја започнала кампањата “SaggyBoobsMatter”, преку која шири порака за љубов и позитивниот однос кон своето тело.

На профилот на социјалната мрежа Инстаграм, каде го користи името “Slumflower”, таа објавува свои фотографии на кои не носи градник.

View this post on Instagram

Our gummy smile queen! #SAGGYBOOBSMATTER

A post shared by Chidera Eggerue (@theslumflower) on

Нејзиното движење привлекло внимание кај многумина, таа станала инспирација за бројни жени.

“Колку и да се гледа напредок, долг е патот да го промениме начинот на кој се зборува за женското тело”, порачала таа, па додала:

“Јас сум жена која беше лута поради своите гради, секогаш се срамев од нив. Вие ми поокажавте дека тие може да бидат секси и дека можам да ги прифатам”, и порачала една жена преку социјалната мрежа.

Вели дека најмногу ги сака пораките на мајките кои пишуваат дека го сакале своето тело по породувањето, но признава дека не се сите коментари позитивни.

Добива и грозни коментари, во главно од мажи. Причината за тоа таа ја гледа во фактот дека луѓето не се навикнати да гледаат опуштени гради.