Претепан ексградоначалникот Тони Трајковски, не дојде на судење

715

На денешното судење за предметот “ТНТ”, не дојде обвинетиот Тони Трајковски.

Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски на 22 декември, т.е. синоќа бил претепан со видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.

„Во 6.30 часот Трајковски бил пренесен во болница, имал хематом, со видливи повреди“, кажа адвокатот.

„Колегата Осман и јас стапивме во контакт со надлежниот доктор, но по телефонско јавување, докторот ни објасни дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома“.

„За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно“, рече судијата и даде еден час пауза. „За 1 час ако не дојде, ќе го приведам“, дополни Ставрев.

Предметот ТНТ се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.