Италијанецот Дамиано Давид ја освои Европа на неодамна завршениот натпревар за песна на Евровизија, каде што го освои првото место со својот бенд. Сега тој ги загрижи обожавателите со фотографии на кои лицето му е целосно уништено.
Имено, музичарот објави фотографија на социјалните мрежи, на која лицето му беше целосно изобличено.
Фановите веднаш се загрижија за него и мислеа дека некој го претепал.Како што Дамиано е познат по своите ексцентрични изданија, имаше многумина кои мислеа дека тоа е дел од неговиот имиџ за некој нов проект.
Дамиано ниту ги негираше ниту ги потврди овие коментари, но тој секако внесе вистинска конфузија и повторно привлече големо внимание.