Во денешното издание на емисијата “Само вистина” се одржа ТВ дуел помеѓу двајцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.
Помеѓу темите на кои се дебатираше беше и онаа за владеењето на Никола Груевски:
“Крајно разочарување е фактот дека ние се бориме за правда, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска го брани бегањето на Груевски, па згора на се има слоган кој се базира на правда, зарем ова не е доказ за каква правда се бори Силјановскa”, изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Но, професорката Гордана Силјановска Давкова одговори дека таа многупати се оградила од владеењето на поранешниот премиер:

“Сум се оградила многупати, сум го критикувала. Претпоставувам затоа и не останав во Венецијанската комисија. Но, јас не сум човек којшто го викаат за да коментира, јас избегнувам да висам по телевизии. Сум ја прочитала книгата и сум била на протест на Кежаровски”, рече Силјановска во вечерашниот дуел на Канал 5.
Пендаровски ја критикуваше Силјановска дека молчела за упадот и затворањето на А1 Телевизија, но и дека Силјановска не кажала ни збор за затворањето на новинарот Томислав Кежаровски.
“Во 2011 година со упад специјални полициски сили беше затоврен еден голем медиум, А1 телевизија. Немасто да го осуди тој чин на режимот, Силјановска одеше од телевизија во телевиија и го правдаше затворањето и упадот во А1. Медиумот беше затворен”, рече Пендаровски, а потоа и јавно ѝ ја подари книгата на Кежаровски.

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека очекувале “правна метла” и за премиерот Зоран Заев додаде дека се “саморазрешил” или се “самоизметел” од Советот за реформи во судството.
Таа изјави дека во Штип се сретнала со претставници на “Бојкотирам” и дека тие застанале зад неа.
“Како што знаете се сретнав со Левица, знаете дека таму дел од партијата повикуваше на бојкот. Јас мислам дека не треба да се бојкотираат овие избори, треба да се бојкотира власта”, вели таа.
Според Силјановска, луѓето кои биле дел од Шарената револуција се разочарани од сегашната власт.