Многумина сметаат дека Гранд Пи поради својата популарност би можел да ја постигне целта, што би претставувало проблем за Алфи Конде, сегашниот претседател на Гвинеја, на кого ова би му било трет мандат.
Муса Сандијана Каба, популарен пејач од Гвинеја, попознат како Гранд Пи, одлучил да се кандидира на претседателските избори кои ќе бидат одржани на 18-ти октомври во оваа земја.
Пејачот, кој во земјата е повеќе познат поради необичниот изглед, отколку поради својот музички талент, го шокирал светот со кандидатурата, но и со изборот на саканата, која би можела да стане прва дама на Гвинеја, во случај да победи на изборите.
Имено, Гранд Пи е во врска со плус-сајз манекенката од Брегот на Слоновата коска, Еудокси Јао, која силно го поддржува во кандидатурата.
Иако многумина веруваат дека нивната врска е само мандатарски трик, тие не обраќаат внимание на таквите коментари, туку редовно на социјалните мрежи објавуваат заеднички снимки и фотографии, кои кај многумина предизвикале чудење, а кај некои и гадење.
Сепак, каква и да е реакцијата на домашната и светската јавност, Гранд Пи и официјално објавил дека се кандидирал.
“Слушнете ме, јас ќе бидам претседател. Сите морате да ме поддржите”, рекол Гранд Пи обраќајќи им се на своите фанови на социјалните мрежи.
Некои сметаат дека неговата кандидатура е прилично смешна и дека Гранд Пи само сака добро да ги насмее своите фанови. Меѓутоа, има многу луѓе кои сметаат дека поради својата популарност може да ја достигне целта, што би претставувало проблем за Алфи Конде, сегашниот претседател на Гвинеја, за кого ова би било трет мандат.
Последните неколку години Гранд Пи стекнал популарност поради својата врска со Јао, а станал познат и надвор од границите на Гвинеја. Сепак, тамошните медиуми се прашуваат дали ќе биде доволно Конде да се загрижи. Се претпоставува дека новата амбиција на плус-сајз манекенката е да стане прва дама на Гвинеја, односно дека таа го наговорила.
Пејачот инаку има ретко генетско пореметување прогерија – кое значи прерано, предвремено стареење и краток животен век.
“Злобно не напаѓаат поради нашата врска, но не ни е грижа бидејќи докажавме дека големината не е важна”, порачал неодамна тој заедно со својата избраничка.
И покрај бројните “хејтери”, двајцата имаат своја армија од фанови, кои ги сметаат за прекрасен пар.