Претставникот на Приштина во Бугарија, Едон Цана, на Твитер го коментирал начинот на кој српските тенисери ја прославиле победата на АТП купот во Австралија.
Тој посебно бил остар кон Новак Ѓоковиќ.
“По воениот марш, продолжија со Косово. Можеш да бидеш победник на АТП, но остануваш примитивец, заостанат и обичен балкански националист и шовинист. Не е случајно што Новак Ѓоковиќ е најмалку саканиот тениски шампион во историјата”, напишал Цана.
After Military March Song they continued with Kosovo…!
You can be ATP winner but still deep remain primitive, backward and ordinary Balkan nationalist and chauvinist!
Not accidentally Novak Djokovic has been the least liked and loved Tenis champion in History. https://t.co/SUb1rDBLOK— Ambassador Edon Cana (@EdonCana) January 12, 2020
Реагирал Ѓуриќ
Реагирал и директорот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ, кој оценил дека омразата која кон спортистите ја покажал претставникот на Приштина во Бугарија, Едон Цана, го открива карактерот на оние кои ја манифестираат.
“На Новак Ѓоковиќ, кој потекнува од Косово и Метохија, сакаат да му забранат да се гордее на своето потекло само затоа што е Србин. Омразата кон спортист кој покажал дека не поднесува омраза, шовинизам и граници меѓу луѓето најдобро го открива карактерот на оние кои ја манифестираат”, напишал Ѓуриќ на Твитер.