Оставање пред олтар, бегство на денот на венчавката и изневерување со кумот или деверицата се обично сцени од американските филмови.
Но, судејќи според приказните на екипата на „Редит“, такви работи се случуваат и во реалниот живот и не заостануваат зад филмските верзии дури ни по бизарноста.
„Ако сте присуствувале на венчавка која некој ја уништил, раскажете што се случило“, гласела молбата на еден корисник на оваа платформа, а следеле бројни одговори.
Еве дел од нив:
„Мојата мајка свиреше оргули во црква, па присуствуваше на бројни венчавки. Една од нејзините приказни која особено се истакнува е за невестата која на прашањето дали го зема младоженецот за сопруг извикала: ‘Не, не можам. Не го сакам’ и истрчала од црквата. Живееме во мал град, па наскоро се дозна дека запознала некој друг и се заљубила до уши во него“.
„Кога имав 4 или 5 години ја фатив идната сопруга на вујко ми како се бакнува со деверицата ноќта пред венчавката. Веројатно сум му го издрдорил тоа на својот татко, па сè наскоро излегло на виделина“.
„Чекајќи пред олтарот, кумот обзнани дека младоженецот само што открил дека е геј и дека венчавката е откажана. Сите се смееја и мислеа дека се шегува, но тој беше сериозен. Невестата ја дознала веста во автомобилот на пат кон црквата и не беше среќна. Гостите мораа да причекаат тие да се договорат што ќе направат, па на крајот ја поделија салата и гостите на два дела и вечераа“.
„Младоженецот претходната вечер толку се напил што не можеше да дојде до олтарот на денот на венчавката. Свадбата се одржа, но без него, а сите гости очигледно негодуваа. Младоженецот сепак на неколку секунди се појави во тотално несоодветна облека. Се разведоа 6 месеци подоцна“.
„Работев во хотел. Младоженецот и кумата беа фатени како имаат секс на кровот на хотелот. Си заминаа со лимузина, а невестата облечена во венчаница со часови неутешно плачеше во предворјето на хотелот“.
„Бев на прекрасна венчавка, многу романтична. Кумот одржа одличен говор сè до моментот кога повика на здравица за невестата и младоженецот, но наместо нејзиното име го изговори името на неговата поранешна сопруга“.
„Младоженецот на венчавката ја фати невестата во ВЦ со еден од гостите. Ѝ прости, но 2 месеци подоцна повторно ја фатил со некој друг тип“.