Причините за падот сѐ уште не јасни: Се појави симулација од падот на авионот

1207

На интернет се појави првата симулација на падот на авионот „Боинг 737“ според верзијата на иранските власти.

Авионот на украинската национална авиокомпанија Ukraine International Airlines на летот од Техеран за Киев се сруши во текот на вчерашниот ден, само две минути по полетувањето од меѓународниот аеродром Имам Хомеини.

Досега се шпекулира за неколку причини за падот на авионот, но истрагата и натаму трае, а иранските власти одбиваат да ги предадат црните кутии на производителот „Боинг“.

Според првичните резултати од истрагата на Организацијата за цивилна авијација на Иран, украинскиот авион се запалил пред да удри на тлото, по што дошло до голема експлозија.

Украинската амбасада во Техеран најпрвин соопшти дека причината за падот е дефект на еден од моторите, за потоа да го повлече соопштението со надополнување дека „причините се истражуваат“.

Постојат теории дека авионот е соборен од ракета, или пак се судрил со дрон, но секако, засега никој не може да ја знае точната причина за трагедијата во која животот го загубија 187 патници и членови на екипажот.