Некои пријателства се склопуваат само преку срцето и со чиста љубов, дури и кога двајца не зборуваат на ист јазик, како еден поштар и едно куче кое се наоѓало на неговата редовна рута.
Фернандо Барбоза, поштар од Тексас, стана можеби и најпознатиот поштар на светот кога неговата ќерка објави дел од пораките помеѓу нив двајца, а се однесуваат на нејзиниот татко и германски овчар по име Гречен.
My dad is a mailman and he likes to give dogs on his route treats. Today he told us one of the dogs on his route passed away and his owners gave him this bag of treats with this note ? pic.twitter.com/JA46PU60a4
— eyelean (@amorningsting) April 1, 2019
Имено, Барбоза е поштар во реонот каде живее семејството Камино во чија сопственост била Гречен и на кого тој секогаш ѝ носел кекси дури и кога немал што да му достави на нејзиниот сопственик.
Нивното пријателство кое со години се развивало, го прекинало смртта на кучето, а пораката која Крис Камино ја оставил за поштарот расплака илјадници корисници на социјалните мрежи.

“Гречен почина вчера. Ме замоли да ве прашам дали би ги поделиле нејзините закуски кои таа никогаш не ги дојаде, со останатите кучиња на вашата рута. Секогаш беше среќна кога ве гледаше како доаѓате и секогаш се однесуваше разгалено откако ќе добиеше кекс”, напишал Крис.
Како што се наведува, Гречен била дел од семејството од 2013 година, кога ја посвоиле. Според зборовите, таа на почетокот имала проблеми со довербата, но подоцна се опуштила и му се радувала на Барбоза бидејќи тој инсистирал да станат пријатели.
“Дури и кога немаше никакви пакети, тој доаѓаше до нашата врата и ја викаше Гречен да ѝ даде кекс. По некое време, таа почна самата да го чека покрај вратата и му се радуваше. Беше љубоморна кога тој им доставуваше пакети на соседите отспротива”, изјавил Камино.

Гречен починала по долга битка со невропатска болест минатата недела, а нејзиниот сопственик изјавил дека се надева дека оваа приказна ќе ги инспирира сите љубители на животни да посвојат стари кучиња.
“Никогаш не знаете кога ќе наидете на такво уникатно пријателство”, заклучил Крис.
