Прилепчанец пукал кон куче – скитник со ловечка пушка, па случајно го погодил братучедот во главата.
Вчера околу 15.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека од куќа на ул.„Беровска“ во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушка „норика“ кал.4,5мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата.
Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.