Сите три македонски ракометни гиганти ги карактеризира тоа што следната сезона ќе имаат хрватски „шмек“. Големи имиња потпишаа за нашите тимови, а хрватската јавност се прашува зошто е тоа така?
Иван Чупиќ стана вистинска легенда на Вардар, како и Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Сега по истото копнеат и Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер), Златко Хорват (Металург), Анте Гаџа (Вардар). Македонскиот и хрватскиот ракомет се тесно поврзина, пред сè поради осумте сезони минати на Лино Червар на клупата на Металург, како и на македонската репрезентација, а истата функција во националниот тим ја имаше и Ивица Обрван.
Сега тренер на Еурофарм Пелистер е Жељко Бабиќ, поранешен селектор на Хрватска, па таа врска помеѓу двете земји продолжува да се надополнува од сезона по сезона.
Хрватската телевизија РТЛ реши да му посвети интересен прилог на македонскиот ракомет и ги праша ракометарите зошто ја одбираат баш Македонија, кога добиваат понуди од секаде од Европа?