И штотуку помисливме дека на приказните и озборувањата околу британското семејство им дојде крајот, сепак Хари сега го најави можеби и најчудното нешто.
Според американскиот портал „Radar Online“ тој во неговите мемоари треба да го открие идентитетот на својот вистински татко.
Во медиумите и во јавноста постојано се зборува дека војводата од Сасекс всушност не е син на британскиот престолонаследник, 72-годишниот принц Чарлс.
Најмногу поради својот изглед, бојата на коса со која се издвојува од останатите членови од кралското семејство, но и љубовните афери на неговата почината мајка, принцезата Дајана.
Хари неретко се наоѓа на мета на таблоидите кои тврдат дека неговиот вистински татко е всушност британскиот офицер 63-годишниот Џејмс Хјуит.
Самиот тој во текот на 90-те години открил дека бил во врска со Дајана додека таа била во брак со Чарлс, а со 37-годишниот принц дели неверојатна физичка сличност – иста боја на коса.
Иако Хјуит јавно демантирал дека е таткото на Хари, некои од медиумите тоа не ги спречило да продолжат да ја развлекуваат приказната за која споменатиот портал сега тврди дека британскиот принц наскоро во книгата ќе го потврди тоа.
Иако нема никакви докази за ваквите тврдења, постои можност дека принцот во книгата ќе ја допре оваа тема, но најмногу во вид на тоа колку таквите невистините информации влијаеле не неговото растење, но и односот со неговиот татко, принцот Чарлс.