Овие денови во Дубровник можело да се забележи ретка сцена, на најпознатата градска улица – Страдун.
Меѓу, исполираниот камен почнала да расте трева…
Низ дубровничките улици, вклучувајќи ја и Страдун, низ изминатите неколку седмици не се забележуваат луѓе, тие се пусти, туристи нема, а во Дубровник секој од жителите седи во своите домови, секако за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Фотографијата на социјалната мрежа Инстаграм ја објавил еден од дубровничките ресторани.
„Улиците во Дубровник овие денови се празни. Вирусот Ковид-19 сите нè натера да останеме дома. Тажно е да се гледаат празни улици. Но, сепак природата е таа која што пркоси на сè.
На Страдун почна да расте трева. Тоа е знак дека ќе дојдат некои подобри времиња, по дождот доаѓа сонце, дека по болеста доаѓа здравје, по тагата – среќа. Заедно сме во ова“ – напишале под објавата.