Американскиот актер Меколи Калкин (40) и актерката Бренда Сонг (33) го добија своето прво дете.
Станува збор за момче кое што го добило името Дакота.
Дакота Сонг Калкин е роден на 5 април, открил парот за американскиот магазин.

Популарниот Кевин од филмот „Сам дома“ и популарната актерка, синот го нарекоа Дакота, и тоа по името од сестрата на Калкин која што починала во 2008 година во сообраќајна несреќа, кога имала само 29 години.
„Пресреќни сме“, изјавил парот за „Esquire“.
Иако со месеци ја криеле бременоста на девојката од очите на јавноста, убавата вест сепак се дозна.

Инаку, Калкин и Бренда се во врска од 2017 година, а се запознале на Тајланд.
„Мислам, навистина вежбавме“, изјавил Меколи Калкин своевремено и додал дека ќе имаат „прекрасни и убави бебиња“.
И самата Бренда за „Esquire“ зборувала за љубовната врска со актерот:
„Не можеш да си заедно со него, а да не бидеш среќен“.
