Пристигнаа резултатите на евровизискиот победник по обвиненијата дека користел кокаин

569

Дамиано веднаш ги негираше обвинувањата и потоа објави дека ќе биде тестиран за да докаже дека во неговото тело нема забранети супстанции.

По враќањето во Италија, тој го даде своето прво интервју во кое, меѓу другото, зборуваше за скандалозната снимка за време на Евровизија.

„Никогаш во животот не сум конзумирал кокаин и сигурно нема да започнам за време на директен пренос пред цела Европа. И пред камерата што е насочена кон моето лице?! Дали до толку сум глупав? Да, но не толку“, изјави победникот на Евровизија.

Сега се огласија организаторите на престижниот „Избор на песна на Евровизија“, по обвинувањата дека на финалето пејачот на италијанската група „Менескин“ шмркал кокаин зад сцената.

Според изјавата, Европската унија за радиодифузија (ЕБУ), на барање на италијанската делегација, извршила темелен преглед, вклучително и проверка на сите достапни снимки.

Тие истакнуваат дека самиот Дамиано побарал тест за дрога, што беше направено денес, а резултатите беа негативни.

„Во „Зелената соба“ не се користеше никаква дрога и веруваме дека случајот е затворен. Вознемирени сме затоа што шпекулациите што доведоа до лажни вести го засенија духот на настанот и неправедно влијаеја на бендот. Би сакале уште еднаш да ѝ честитаме на групата Манескин и да им посакаме голем успех“, стои во официјалното соопштение.