Министерството за внатрешни работи во текот на изминатата ноќ за време на полицискиот час уапсила 18 лица за прекршување на полицискиот час, дознава ТВ21.
Дури 74 лица на територијата на земјава добиле опомена поради непочитување на препораките и мерките.
Нема ниту еден уапсен од Скопје, а најмногу се од Кочани, дури шест лица. Пет лица се од Тетово и околината, две од Гостивар, две од Куманово, две од Радовиш, и едно лице од Штип.
Сите приведени агресивно се однесувале по полициското укажување дека треба да одат кон своите домови. Сите добија кривични пријави.