Во полициска станица во Скопје биле преведени неколку лица осомничени за учество во тепачка и напад на тинејџер во кафуле во скопско Дебар маало.
Меѓу приведените за нападот се и синот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, како и синот на неговиот брат, Влатко Мијалков, пренесува “Телма“.
Братучедите од семејството Мијалкови вчера во кафулето претепале 19-годишно момче, кое нападот го пријавило денеска, пишува “Фокус“.
Допрва треба да се утврдат мотивите за нападот.