Професорот на Универзитетот Кембриџ, Шон Фицџералд, рекол дека истражувањата покажале дека добра проветреност во затворен простор ги намалува шансите за пренесување на коронавирусот за 70 до 80 проценнти.
Фицџералд е член на Кралската академија за инженерство на Кембриџ и вели дека секогаш кога може проветрува или ги вади прозорците кои со години биле затворени.

“Доколку не можам да отворам прозорец, излегувам од просторијата. Одбивам да бидам во затворена просторија која нема добра вентилација”, рекол Фицџералд, пренесува “BBC”.

Тој ги поддржува препораките на бројни здравствени организации редовно да се мијат раце, да се држи социјална дистанца и да се носат маски, но додава дека проветрувањето треба да биде четвртата ставка на листата на работи кои задолжително треба да се прават.

“Мојата грижа е дека најстуденото време се уште не е дојдено, но гледам дека веќе луѓето се забарикадирале поради студот и дека прозорците им се воглавно затворени. Се плашам дека со новиот, далеку позаразен сој на Ковид-19, мораме да сфатиме дека сега е уште поважно дека аеросолите во воздухот мора да ги држиме на многу пониско ниво”, заклучил Фицџералд.