Проговоре жената од Грција заразена од коронавирус: „Ги молев докторите да ме примаат, но…“

620

Верувале или не, оваа жена била принудена да седи во чекалницата заедно со останатите пациенти.

40-годишната жена од населбата Маруси во Атина е првата заразена од коонавирусот во престолнината на Грција, а за тоа како се заразила и што следело понатаму раскажала за грчките медиуми.

Во интервју за емисијата „Заедно и во викенд“, жената раскажала дека заедно со својот сопруг се вратила од Милано, отишла кај државен доктор каде што чекала ред со часови па потоа одлучила да посети приватен докктор.

„Се вративме во саботата вечер од Милано. Веќе во неделата бев дома со своето семејство. Во понеделникот отидов на работа, а веќе во вторникот видов известување дека сите кои бил во посета на Италија би требало да бидат тестирани“.

„Отидов во болница заедно со сопругот, се јавив на дежурен доктор и им објаснив дека се сомневам дека имам коронавирус. Им нагласив дека доаѓам од Милано. Го внесоа тоа во протоколот, ми дадоа бројче и ми кажаа да чекам. Бев 166-та по ред.

Исто така ми кажаа дека не сум приоритетен пациент и дека треба да бидам подготвена да чекам 4-5 часа. По 45 минути примија 133 пациенти. Го прашав докторот која е процедурата за да дојдам утре и да направам тест. На крај појдов кај приватен доктор во текот на утрешниот ден во 6 часот наутро и тој потврди дека имам коронавирус“ – раскажала жената во емисијата.

Неименуваната Гркинка вели дека нејзината ќерка моментално се наоѓа во Лондон каде што отишла заедно со група студенти од Атина и дека ѝ кажала да остане таму додека не се утврди дали и таа е заразена.

„Секој ден сум во контакт со мојата ќерка. Штом ги добив резултатите од тестот се јавив на нејзиниот факултет затоа што тоа е моја обврска. Мојата ќерка нема никаки симптоми, но поради безбедносни причини ќе остане во Лондон некое време“ – заклучила жената во разговор со грчките медиуми.