Промовирана книгата “Мојот божествен пат кон успехот” од Соња Георгиевска (фотогалерија)

747

Синоќа во малата сала на Центарот за култура во Битола, на задоволство на сите љубители на книгата беше одржана промоција на книгата “Мојот божествен пат кон успехот” од авторката м-р Соња Георгиевска.Издавач на ова обемно и уникатно дело е издавачката куќа “Дата Песнопој” од Битола, а рецензенти се проф д-р Марија Котевска Димовска, д-р Лидија Гоѕин Балтовска и проф. Лилјана Даева Стојановска.Нашата македонска литература не може да се пофали со дела чија содржина е спиритуална (духовна), но токму ова дело би требало да предизвика голем чекор напред во насока на себеспознавањето и будењето на свеста кај современиот човек.Книгата “Мојот божествен пат кон успехот”е всушност медитативна проза во вид на дневник. Искрен, привлечен и инспиративен „Божествениот пат кон успехот“е пат различен од било кој друг. Пат кој ни ја пружа длабоката удобност на верувањето во нешто поголемо од себе, а вербата е Божествената искра која постои во секој од нас.Иако е приказна за животниот пат на една личност, тоа е приказна на сите. Книгата истражува проблеми кои го збунуваат модерниот човек: како да се издржи низ предизвиците и важноста на верата во тешки времиња. Што е уште поважно нашата вера во Бог е она што ни помага и она што сите не обединува.Таа верно го отсликува духот на нашето општество во ова време на сé побрзо и побрзо будење на свесноста. Патоказите што ни ги остава во ова особено вредно и уникатно дело отвораат порти за нови можности во креирањето на животот.